Хемороидите се чести проблеми

Хемороидите се честа табу тема иако барем еднаш во животот се појавуваат кај приближно половина од населението, подеднакво и кај мажи и жени. Сите имаме хемороидални жилни чворови кои овозможуваат соодветно затворање на анусот. Тегобите настануваат кога тие чворови ќе се зголемат. Поради зголемениот притисок при празнење на цревата, ѕидовите на крвните садови во хемороидалните чворови отекуваат и се јавува воспалени во форма на крварење, болки и други симптоми.

Како настануваат хемороиди

Хемороидите се дел од васкуларниот систем на аналниот канал чија основна функција е контролирање на дефекација (празнење на црева). Тие се перничиња во артериско – венскиот канал кои спречуваат неконтролирано излегување на течна столица и гасови од аналниот канал. Аналните перничиња кои се воспалени и потечени стануваат дисфункционални и преминуваат во хемороидна болест.

Клучни фактори кои допринесуваат за потешкотии со хемороиди се гојазност, неправилна исхрана, хроничен запек, бременост и анални половни односи.

Хемороидите можат да бидат внатрешни и надворешни

Во рана фаза внатрешните хемороиди не можат да се видат, ниту пак да се напипаат со прсти. За нивното постоење показател е светло - црвената крв по празнењето на цревата. Тогаш, всушност натечените и зголемени вени можат да бидат повредени при празнењето на цревата. Ваквите хемороиди треба да се третираат, во спротивно само ќе се зголемуваат и ќе излезат надвор од аналниот отвор. На почетокот, спонтано ќе се враќаат во цревото, за подоцна тоа да може да се направи со прсти, додека сосема на крајот ниту тоа нема да биде можно.

Надворешните хемороиди се помал сплет вени во надворешниот дел на аналниот канал. Болното лице може да забележи болна и тврда грутка во анусот, и при седење и празнење на цревата чувствува болки. Низ повредената слузница можат да продрат бактерии, а зафатен е и венскиот ѕид на хемороидалниот чвор.

Симптоми

Симптомите кај хемороидите најчесто се многу непријатни, но не се опасни по живот. Тие можат да исчезнат по неколку дена, но обично повторно се јавуваат во уште потешка форма. Ако не сте сигурни дали симптомите кои ги чувствувате се последица на хемороиди, во тој случај ви препорачуваме да се советувате со доктор. Болките и крварењето предизвикани од ректумот, всушност можат да бидат симптоми на посеризони болести кои бараат поинаков третман.

Внимавајте на овие симптоми!

  • крварење од аналниот отвор (при празнење на цревата)
  • крв на тоалетна хартија 
  • чувство на нецелосно празнење на цревата 
  • чешање и иритирање во аналниот отвор и околу него 
  • болно грутче во аналниот отвор и околу него 
  • болки при седење

Различни стадиуми при појава на хемороиди

1. стадиум

Нема видливи знаци, хемороидите обично се манифестираат само со крварење

2. стадиум

Потоа хемороидите се спуштаат низ аналниот отвор, особено кога телото се придвижува нанапред и при напрегање, и спонтано се враќаат во цревото.

3. стадиум

Покрај крварењето, на повеќе места станува сè поголемо и поспонтано излегувањето на хемороидите низ аналниот отвор. Во овој стадиум болното лице мора само со рака да ги врати назад хеморидните чворови во цревото.

4. стадиум

Нелекуваните хемороиде се повеќе се растегнуваат и почнуваат да излегуваат. И покрај туркањето назад во цревото, тие секогаш излегуваат надвор од него.

Stopnje hemoroidov

1. стадиум

1. стадиум

Нема видливи знаци, хемороидите обично се манифестираат само со крварење
2. стадиум

2. стадиум

Потоа хемороидите се спуштаат низ аналниот отвор, особено кога телото се придвижува нанапред и при напрегање, и спонтано се враќаат во цревото.
3. стадиум

3. стадиум

Покрај крварењето, на повеќе места станува сè поголемо и поспонтано излегувањето на хемороидите низ аналниот отвор. Во овој стадиум болното лице мора само со рака да ги врати назад хеморидните чворови во цревото.
4. стадиум

4. стадиум

Нелекуваните хемороиде се повеќе се растегнуваат и почнуваат да излегуваат. И покрај туркањето назад во цревото, тие секогаш излегуваат надвор од него.

HemoClin гел – брзо ублажување на тегобите и помош при појава на хемороиди, болни фисури и други тегоби во пределот на аналниот отвор

  • Овозможува брз ефект на ладење и го ублажува чешањето и болката
  • Ја ублажува болката при празнењето на цревата
  • Ја штити слузницата од патогени бактерии и го поттикнува природниот процес на заздравување
  • И дава влажност на цревната слузница
  • Едноставна и хигиенска употреба