Ризик фактори

Хемороидите можат да се појават било каде и било кога. Ризикот од појава на хемороиди е пропорционален со начинот на живот и други здравствени тегоби, а со подолготрајно седење дополнително се зголемува ризикот за појава на хемороиди.

Неправилен начин на живот

Неправилна исхрана - мала количина на внесени влакна, интегрални житарици и мешунки, премал внес на течности во телото, премногу шеќери во исхраната – сето тоа може да доведе до зголемување на ризикот за појава на хемороиди.

Предолго седење

Важно е и движењето, со физичка активност од 20 минути дневно се намалува ризикот за појава на хемороиди, правете вежби за аналниот сфинктер, односно мускулот затворач (повеќе пати стегање и опуштање помага за зацврстување на ткивото) и избегнувајте долготрајно седење. И тоа го зголемува ризикот за појава на хемороиди поради што со седењето се изведува долготраен притисок на анусот


 

Јадете храна богата со влакна (овошје, зеленчук, суво овошје, мешункасти плодови, ленено семе). Пијте барем 2-3 литри течности на ден (8 чаши).

Бременост и после породување

Поради дополнителен притисок во преплетот на жилите на анусот во бременоста се зголемува ризикот за појава на хемороидите. Трудниците и родилките мораат да се грижат за здравата исхрана, потребната количина на внесена вода и за доволното движење. Поради зголемен притисок во анусот хемороидите се почести кај особи со повисока телесна тежина.

50% од трудниците имаат хемороиди или проблеми поврзани со нив. Тегобите може да се јават и после бременоста.

Прекумерно седење

Исто така, и прекумерното седење ја зголемува појавата на хемориди бидејќи станува збор за чест и долготраен притисок на анусот.

Хемороиди кај постари лица

Ризикот се зголемува и со возраста. Ткивото кое ги задржува хемороидите со годините станува се потенко и послабо, што може да биде причина за хемороидални болести.

Внимавајте на редовно и лесно празнење на цревата. Не го одложувајте одењето во тоалет бидејќи тоа може да предизвика запек.

HemoClin гел – брзо ублажување на тегобите и помош при појава на хемороиди, болни фисури и други тегоби во пределот на аналниот отвор

  • Овозможува брз ефект на ладење и го ублажува чешањето и болката
  • Ја ублажува болката при празнењето на цревата
  • Ја штити слузницата од патогени бактерии и го поттикнува природниот процес на заздравување
  • И дава влажност на цревната слузница
  • Едноставна и хигиенска употреба